Не е се розово во Франција – згаснува петти клуб за една година!

Францускиот клуб Вилербан, каде пред една сезона настапуваше македонскиот голман Даниел Дупјачанец, најверојатно во следните неколку дена ќе прогласи банкрот!

Вилербан уште од стартот на сезоната се соочуваше со големи финансиски проблеми, а капак на се беше неодиграниот натпревар против Валанс од последното коло во Втората лига на Франција.

Со оглед на тоа што клубот не може да ги сервисира трошоците, да исплаќа плати на ракометарите, стручниот штаб и вработените, ќе стави катанец на врата.

Ова ќе биде петтиот француски клуб што ќе престане да функционира за една година. На ракометната мапа веќе ги нема женските клубови Бур Де Пеж и Флери Луар, како и машките Бордо и Стразбур.