Не е доволна платата во Бундес лигата – ракометари работеа како аниматори во турски хотели!

Двајца ракометари од Лајпциг пред стартот на подготовките за новата сезона во која ќе работат под водство на Раул Алонсо, дел од одморот го поминаа во Турција.

Мориц Пројс (30) и Лукас Крзикала (31), двајца играчи од Бундес лигата, поминаа една недела во Турција – не како спортисти на одмор, туку како ракометни аниматори во познат хотел јужно од Анталија.

Тие водеа ракометни тренинзи за гостите во хотелот.

„Клубот понуди ракометни активности со нас. Ќе ги предизвикаме гостите малку со ракомет. Хотелот инаку нуди различни спортски активности“, вели Крзикала за Билд.

Покрај нив, таму беше и професионален боксер, кој ги воведе заинтересираните во тајните на боречките вештини.

Програмата со Крзикала и Пројс вклучуваше по две тренинг-сесии дневно.

„На крајот игравме и натпревар за забава, но пред тоа правевме вежби за брзина, учење правила, и малку техника. Целта е и да се подигне свеста за ракометот. Да се заинтересираат луѓе што можеби досега не се сретнале со овој спорт. Тоа е навистина одлично“, вели Крзикала.