Со комплетирањето на натпреварите од 22 коло во Супер лигата, познато е кој екипа колку бодови ќе пренесе во разигрувањето за титулата, односно за опстанок.
Во битката за титулата, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е најдобар во триото со Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда на врвот на табелата по 22 меча, па затоа ќе пренесе и најмногу бодови – три.
Другите две екипи носат по два бода во плеј-офот, додека Охрид и кавадарчани ќе имаат по еден, а Бутел Скопје ќе влезе во разигрувањето без бодови.
Во битката за опстанок, Пролет ќе ја има стартната предност и ќе почне со три бода, што може да биде клучно. Прилеп и Куманово исто така имаат предност пред конкурентите, а најтешката задача ќе ја имаат Борец ФЛ, Струга и особено Радовиш.
Утре ќе биде познат распоредот на натпреварите во плеј-офот и плеј-аут, првото коло е на програмата на 2 април, додека последното на 7 јуни.
Супер лига, плеј-оф, табела:
1.Еурофарм Пелистер 3
2.Вардар 2
3.Алкалоид 2
4.Охрид 1
5.Тиквеш 1
6.Бутел Скопје 0
Супер лига, плеј-аут, табела:
1.Пролет 3
2.Прилеп 2
3.Куманово 2
4.Борец ФЛ 1
5.Струга 1
6.Радовиш 0