„Не чека непријателска и жешка атмосфера – мора да бидеме дрски“

Хрватска денеска ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во рамките на Мундијалот во кој Осло ќе биде домаќин на финалниот викенд.

„Арена Загреб“ сигурно ќе биде претесна да ги собере сите љубители на ракометот, а билет повеќе се бара одамна.

Французите имаа големи проблеми во четвртфиналето против Египет, а сега стравуваат од атмосферата.

Француските медиуми со резерва го дочекаа оваа првенство, откако репрезентацијата испадна во четвртфиналето на ОИ по поразот од Германија, па се појави сомнеж дека во иднина резултатите нема да бидат како порано.

Сепак со триумфот над Египет ја вратија вербата, и сега со возбуда се очекува полуфиналето со Хрватска.

Низ најавите во француските медиуми може да прочита дека стравуваат најмногу од „непријателската и жешка атмосфера“ која ќе ја создадат хрватските навивачи и дека мора „да бидат дрски за да ги победат Хрватите во таква атмосфера“.

Натпреварот меѓу Франција и Хрватска се игра вечерва во „Арена Загреб“ од 21:00 часот.