По ЕХФ неделата, во која се играа квалификациски натпревари за Европското првенство 2026, овој викенд ќе продолжат натпреварите од домашниот шампионат.
Во рамки од 11. коло за првпат сезонава ќе се судрат екипите на Охрид и Алкалоид, кој во досегашниот тек од сезоната има максимален ефект.
Охриѓани на 10 натпревари остварија осум победи, а натпреварот со првопласираниот тим од Автокоманда за нив ќе биде императив да им се вратат на победите во суперлигашкото друштво.
Се очекува избраниците на Стевче Алушовски да имата голема поддршка од трибините, бидејќи навивачката група „Рибари“ ќе прослави 35 години од своето постоење.
Дерби дуелот меѓу двете екипи ќе се одигра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“, со почеток од 18:30 часот.