Наумовска е херој – во последната секунда донесе триумф за Ѓорче Петров 2

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 запишаа драматична победа над Овче Поле СУ со 19-18, откако Кристина Наумовска погоди од пенал во последната секунда.

Гостинките од Свети Николе преку Конева израмнија на 18-18 на стартот на последната минута, но домаќинките се израдуваа на двата бода.

Овче Поле СУ водеше со 16-14 кога остануваа уште десетина минути до крајот, но кога најмалку требаше тогаш почнаа да грешат и им дозволија на „лавиците“ да направат комплетен пресврт.

Наумовска и Димоска имаа по пет гола во победничкиот тим, а Сентовска и Вучевска стрелаа по седум пати за Овче Поле СУ.

Ѓорче Петров 2 сега има 12 бодови и се израмни на врвот со Атлетик кој има исто толку, но натпревар помалку.