Романски Динамо Букурешт веќе не е „фенерџија“ во А групата од лигата на шампионите, откако со 29-28 (12-15) го победи фаворизираниот Нант. Ова с епрвите бодови за Динамо сезонава во лигата на шампионите и се израмни со Колштад, но романскиот првак има подобра гол разлика.
Гостите од Франција го имаа последниот напад од кој може да извлечат реми, но ударот на Мине заврши во голманот Кипријан Ианку, кој му ја донесе победата на домашниот тим, со својта 12. одбрана.
Одлично отворија гостите од Франција кои по 15 минути игра веќе водеа со 9-6 по што домашниот тренер Переира мораше да бара тајмаут. За момент се подобри ситуацијата, но во 24 минута Нант ја имаше највисоката разлика, 14-10. До крај на првиот дел Динамо само намали на „минус 3“, 15-12.
Во вториот дел на дмашните им требаше 12 минути за да успеат да се вратат во игра и да го израмната резулатот на 19-19. Оттогаш почна и неизвесноста на теренот. Сега Динамо го диктираше резултатот, па имаа предност од 23-20, најавувајќи ја првата радост сеознава. Нант не мислеше така, бидејќи израмнија на 23-23, а потоа повторно со серија Динамо поведе со 25-23, а имаа и шанса да отидат на највиоските „плус 3“, ама двата напади кои ги имаа не ги реализираа, па стигна казната од противникот кој во 54 минута намали на 25-24.
Она што Динамо го промашуваше во нападот го казнуваше Нант, па лесно израмнија на 25-25, на пет минути до крај на средбата.
Лангаро во 58 минута му донесе водство на Динамо од 27-26, па сега Нант бараше шанса да возврати, и тренерот Флоренс побара тајмаут. Се играше „гол за гол“, а домашните во последната минута постигнаа гол, и му оставија малку време на гостинскио титм да огранизира напад. Но, откако Педро Валдес доби икслучување силите на тренот беа во корист на Нант.
Имерик Мине имаше отворен простор, и од зицер позиција го погоди гостинскиот голман.
Кај домашните со по 6 гола најпрецизни беа Деду у Лангаро, а Леополд даде 7 гола за Нант.

























