Нант со триумф во Берлин го избегна француското осминафинале

Берлин со пораз н адомашен терен ја заврши групната фаза од ЛШ, 34-37 од Нант а за „лисиците“ ова бепе втор по ред домашен пораз сезонава во најелитното европско натпреварување.

Французите со двата бода се зацврстија на четвртото место на табелата, и нема да играа против ПСЖ во осминафиналето, туку со ГОГ.

Динамо Букурешт беше блиску до бод во Португалија кај Спортинг, имаше 14-тина секунди за напад, но не постигнаа гол, па домашните се радуваа на триумфот од 30-29. Со 14 бода имаат ист колку и Веспрем, но во осминафиналето Португалците влегуваат од 6. позиција.

Конена табела по 14 коло: Берлин 22 бода, Алборг 21, Келце 17, Нант 16, Веспрем, 14, Спортинг 14. Динамо Букурешт 4, Колштад 4.

Берлин и Алборг одат директно во четвртфиналето, а Келце, Нант, Веспрем и Спортинг ќе играат во осминафиналето.