Нант преку Спортинг се „чекираше“ за осминафинале во ЛШ!

Ракометарите на Нант го совладаа португалскиот првак Спортинг Лисабон со 38-27 и се „чекираа“ во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Нант сега има 10 бодови на делба со Спортинг Лисабон на петтото место и двете екипи го оставија Колштад на четири, додека Динамо Букурешт е последен без шанси за прогрес.

Спортинг без најдобриот ракометар, Франциско Кошта, тешко се снаоѓаше против францускиот тим и беше во подредена ситуација уште по првото полувреме, кога домашните водеа со 21-16.

Вториот дел мина во комплетна доминација на Нант, Мин и Турна погодуваа во нападот на домашните и немаше дилеми околу победникот, ниту пак посебни возбудувања.