Нант не го дава Одриозола – го „врза“ до 2029 година

Репрезентативецот на Шпанија, Каулди Одриозола, и во иднина ќе остане да го носи дресот на францускиот Нант.

Поради неговите одлични партии, пред сѐ во Лигата на шампионите, раководството на Нант одлучи левото крило да го задржи на подолг временски период.

Двете страни се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност од четири сезони, односно до летото, 2029 година.

Искусниот Шпанец во Нант пристигна пред три сезони од Бидасоа Ирун и веднаш се наметна како еден од најдобрите во тимот.