Две гостински победи, убедливи во 4. коло на А групата од лигата на шампоните, каде француски Нант го „збриша“ Спортинг со 39-28 , а во соседското дерби Алборг со 35-26 беше подобар од Колштад.
Со новите бодови Нант се израмни со Спортинг и имаат по 4 бода, од четири натпревари, исто колку и Веспрем, но Унгарците имаат натпревар помалку. Алборг со гостинскиот триумф се искачи на делба на првото место заедно со Фуксе Берлин, и имаат по 6 бода, но Германците имаат меч помалку.
Дуелот во Португалија, го судеа нашите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Таму средбата имаше најава дека ќе заврши со гостински триумф уште на почетокот на првото полувреме кога Нант поведе со 10-3. Но, не застанаа Французите, туку го заислија темпото и повеќепати имаа и двоцифрена предност уште во првите 30 минути. На полувреме се замина со 23-11 за Нант.
Само што почна вториот дел предноста „скокна“ на 26-11 како највисоко на средната. Остануваше само рутински да се заврши средбата, а таквото опуштање на гостите го искористи Спортинг па намали на 32-23, што беше единствената предност во второто полувреме под десетголови.
И во Данска, гостинскиот тим постојано водеше на средбата. Во првото полувреме Алборг имаше највисоки „плус 5“, а во второто полувреме стигна и до двоцифрена предност, за убедлив триумф.