Довчерашниот репрезентативец на Хрватска, Иван Пешиќ, одлучи да не ја менува средината и го продолжи договорот со Нант.
Пешиќ, кој во Нант настапува од сезона 2022/23, во редовите на францускиот клуб ќе остане најмалку до месец јуни, 2026 година.
Искусниот голман во Нант пристигна во текот на 2022 година од редовите на некогашниот учесник од ЛШ – Мешков Брест.
Нант освен што успеа да го задржи Пешиќ, во својот тим донесе нов играч, односно „медицински џокер“.
Станува збор за О’Брајан Ниатеу, кој ќе биде алтернатива за повредените Ајмерик Мин и Лукас Де Ла Бретеш.
Ракометарите на Нант во последното коло од групната фаза од ЛШ ќе се соочат со Алборг и со евентуална победа би биле директни патници во четвртфиналето.