Францускиот Нант ја потврди соработката со данскиот голман Кристофер Бонде, кој ќе пристигне следното лето, со долгорочен договор до 2029 година.
Бонде бранеше четири сезони во Архус до 2021 година, по што се пресели во Скјерн, каде веднаш блесна и две сезони по ред беше избран за најдобар голман во Данска.
Во штотуку завршената сезона во Данска, оствари над 31% успешност на одбрани на 37 натпревари, што го пласира на второто место меѓу сите голмани во лигата, веднаш зад легендарниот Никлас Ландин.
На 26-годишна возраст, Бонде ќе ја има својата прва меѓународна авантура, токму во француското првенство, со желба да игра во европските купови секоја година.
„Многу сум среќен што потпишав за Нант – клуб кој денес е меѓу најдобрите во Европа. Со нетрпение очекувам да започнам со тимот и да го кренам моето ниво. Ова ми е прв странски ангажман, но чувствувам дека сега е вистинскиот момент да ја напуштам Данска. Ова е возбудлив предизвик“, изјави Бонде.
Многумина го споредуваат Бонде со Емил Нилсен, чиј пат до Барселона исто така мина низ Скјерн и Нант.