Наместо на лето, раскин на договорот по Нова Година

Бундеслигашот Хановер порано од предвиденото време ќе направи промена на тренерската позиција.

Тимот што го елиминираше „сино-белиот“ состав од Автокоманда од Лигата на Европа, се раздели со тренерот Кристијан Прокоп по Нова Година.

Иако беше планирано Прокоп да го води Хановер до јуни, сепак двете страни решија дека подобро е да разделат сега.

На местото на Прокоп доаѓа искусниот шпански стратег Хуан Карлос Пастор, кој наместо на лето ќе седне на клупата во јануари.

За разлика од лани, кога до крајот беше во игра за шампионската титула, сега Хановер игра послабо и се наоѓа на 9 место со 18 бодови, со мали шанси да обезбеди европски излез за наредната сезона.