Тимот на Астраион во Струмица славеше со 41-33 против Текстилец во 11 рунда од прволигашкиот плеј-аут.
Најзаслужни за триумфот беа Васе Наков со десет и Кире Георгиев со девет погодоци, додека кај Текстилец се истакнаа Филип Џинес и Дарио Јорданов со по седум гола.
Гостите од Штип пружија отпор, беа во поголем дел од првото полувреме рамноправни со струмичани, но пред паузата Астраион казни неколку грешки и поведе со 25-21.
На стартот на вториот дел, струмичани останаа без Цонев, кој доби црвен картон поради трите исклучувања, но тоа не беше голема пречка.
Текстилец спушти на минус три во два наврати, но немаше сили кон крајот и домашните ракометари рутински го доработија натпреварот.