Изминатиот викенд беа одиграни натпреварите од последното коло од регуларниот дел во данскиот шампионат, а по комплетирањето на колото, беше познато дека најтрофејниот тамошен клуб Колдинг ќе мора да се пресели во понизок ранг.
Познатиот клуб од Данска не успеа да обезбеди опстанок, сезоната ја заврши со биланс од само две победи, а имаше 18 порази, како и шест ремија, што не беше доволно да го задржи суперлигашкиот статус за наредната сезона.
Колдинг од 1984 година се натпреварува во најквалитетната лига во скандинавската земја, а неговиот дрес низ историјата го носеле познати ркаометни имиња – Микел Хансен, Ларс Кристијансен, Ласе Андерсон, Рене Тофт Хансен, Ратко Николиќ, Ким Андерсон, Константин Игропуло….
Во својата историја, сега веќе новиот дански второлигаш 14 пати ја освојуваше титулата во Данска (последната во 2015 година), осум пати беше победник во Купот на Данска и двапати успеа да го освои Супер купот.