Најголемиот црногорски талент, Милорад Бакиќ, замина од шампионот Ловќен и во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик.
19-годишниот десен бек потпиша договор на две сезони со шведскиот тим Гуиф каде што тренер е екс селекторот на Црна Гора, Зоран Рогановиќ.
Бакиќ веќе доби шанса и во сениорската репрезентација на Црна Гора, а негов брат е левото крило Александар Бакиќ.
Црногорецот заедно со неговиот нов тим, Ескилстуна Гуиф од Шведска ќе дојде во Струга, на традиционалниот турнир од 14 до 17 август.