Најефтините билети за ЕП чинат 26 евра, најскапите повеќе од 1.000 евра!

Македонија ќе биде дел од групата Б на Европското првенство и ќе игра во данскиот град Хернинг против селекциите на домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Натпреварите ќе се играат во „Јуске Банк Арена“ каде што освен две прелиминарни групи, ќе има и една од главните групи, но и финалниот викенд.

Цените на дневните билети започнуваат од 26 евра за најлошите места во салата, потоа има од 60 евра, па 74 евра, па 100 и 160 евра, додека ВИП билетите за еден ден, односно два меча чинат 1.000 евра.

Уште една лоша вест за македонските навивачи е тоа што сме во група со Данска, па билетите ќе се распродадат набрзина.

Билети може да купите ТУКА. ЕП 2026 ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија ги дозна ривалите на ЕП – еве против кого и каде ќе игра!