Судиите се „опарија“ со по 30.000 денари

Ракометната федерацја на Македонија ги награди со по 30.000 денари судиите кои во 2025 година биле „најактивни“ и биле во самиот европски и светски врв. Сите беа дел од ЕП, европските купови а двојката Карбеска – Илиева ја делеа правдата во финалето на Лига Европа.

Меѓу „наградените“ се двојките Николов – Начевски, Тодоровски – Митревски и Карбеска – Илиева. Според претседателот на РФМ сите судии биле на ниво, но овие сезонава навистина биле вистински репрезенти на Македонија.

Митревски и Тодоровски беа дел од сенорското ЕП, и се почесто судат дерби средби, а Николов и Начевски беа дел од СП 2025, и секогаш се меѓу најдобрите делители на правдата.

Македонија е една од ретките земји во Европа кои имаат толку многу елитни двојки, вкупно шест и сите судат на високо ниво.

УБАВА ВЕСТ: Клубовите ќе добијат „плус пари“ од државата месецов

Трофеј на Македонија со четири балкански репрезентации

Буџетот на РФМ лани бил 1,45 милиони евра

Има волја на нов Закон за спорт – нема економска моќ