Најдобриот стрелец во Бундес лигата од ова лето во Фленсбург

Фленсбург го официјализираше ангажманот на Марко Гргиќ, најдобриот стрелец во Бундес лигата од минатата сезона.

Германскиот бек со хрватско потекло требаше да се приклучи на германскиот гигант следното лето, но трансферот беше забрзан поради заминувањето на Мадс Менса Ларсен.

Данскиот репрезентативец Менса Ларсен се сели во Скјерн, откако клубот му соопшти дека нема да го продолжи договорот кој истекуваше наредното лето. Тој реши уште ова лето да го напушти Фленсбург и Бундес лигата.

За да ја пополни празнината во ростерот, Фленсбург веднаш реагираше и се договори со Ајзенах за предвремен трансфер на Гргиќ.

Со ова, Фленсбург добива врвен стрелец во своите редови, подготвен веднаш да се приклучи на тимот и да го засили нападот пред стартот на новата сезона.