Најдобриот стрелец од кадетското Светско првенство во Македонија, Џули Скалионе од Данска, добива се позначајна улога и во сениорската репрезентација.
Данска по драматично полуфинале беше елиминирана од Норвешка, но потоа ја освои бронзата по триумфот над Шведска.
Скалионе, која на СП во Македонија минатото лето даде 62 гола, вели дека успехот треба добро да се прослави.
„По полуфиналето, како и по мечот за трето место имаше многу солзи, но имаше и радосни моменти. Ние стоевме на пиедесталот со медалите, тоа е најважно. Мислам дека следниве денови ќе мора да испијам едно, а можеби и десет пива. Треба добро да се прослави бронзениот медал“, изјави Скалионе за ТВ2.
Покрај тоа што беше најдобар стрелец на кадетското СП во Македонија, таа беше прогласена и за најдобар лев бек во Ол Стар тимот.