📸 Најдобри кога најмногу требаше – младинките ја остварија првата цел

Македонија – Ангола, СП младинки, 3 коло

Женската младинска репрезентација на Македонија со победата над Ангола од 28:24 во последното коло од групната фаза обезбеди пласман во ТОП 16 на младинскиот Мундијал, кој се игра во Скопје. Од групата Х, во која беше и Македонија, пласман во главната фаза обезбеди и Исланд. Островската земја ги доби сите три дуели во групната фаза, освен против Македонија, славеше и над Ангола и САД. Македонија настапот во главната фаза ќе го стартува со дуел против Португалија на 24 јуни, потоа на 25 јуни игра со Црна Гора.