Најдобрата светска ракометарка во трка со времето – Реистад под знак прашалник за ОИ?!

Најдобрата ракометарка во светот за 2023 година, Норвежанката Хени Реистад, е во трка со времето за настапот на Олимписките игри.

Левиот бек на норвешката репрезентација се обидува да се опорави од повредата на десното стапало, која ја доби на пријателскиот дуел со Франција.

Таа го пропушти првиот пријателски дуел со Данска, а нема да настапи ниту на втората средба.

„Се надевам дека ќе бидам спремна за првиот меч со Шведска“, изјави Реистад за данските медиуми.

Ако не биде подготвена за настап на ОИ, тоа ќе биде голем удар за Норвешка и селекторот Торир Хергеирсон.