Најдобрата светска пивотменка на пауза – ќе стане мајка

Една од најдобрите пивотменки во светот, Норвежанката Кари Братсет Дале, очекува второ дете и нема да биде дел од претстојниот Мундијал во 2025 година.

34-годишната ракометарка ќе стане мајка во март 2026 година, што значи дека нема да му помогне на својот клуб Ѓер во тековната сезона, а исто така ќе го пропушти и СП 2025 во декември.

Минатата сезона Братсет Дале имаше блескава година – со Ѓер го освои шампионатот на Унгарија и Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Норвешка ги додаде и олимпиското злато и титулата европски првак.

Нејзините индивидуални признанија само ја потврдија доминацијата – таа беше избрана за најдобар играч на ЕП 2024, како и МВП на Ф4 во Лигата на шампионите.