Во јануари, најдобрата чешка ракометарка Маркета Јержабкова, објави дека ќе ја прекине кариерата поради бременост.
Два месеци подоцна, Јержабкова сподели тажна вест на социјалните мрежи – дека го загуби бебето.
„Чувство на безнадежност и беспомошност, тага и љубов, но болката е најголема. Кога зборовите не можат да заменат или вратат ништо, тие оставаат само спомени и повеќе искушенија“, напиша Јержабкова.
Таа ја почна кариерата во чешкиот Мост, потоа играше за унгарскиот ЕРД, па во германскиот Турингер. Во 2021 година замина во Вајперс Кристијансанд, со кој освои две европски титули.
Во 2023 потпиша за данскиот Икаст. Со репрезентацијата на Чешка беше дел од ЕП 2024 во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
View this post on Instagram