НАЈ НАЈ НАЈ…ТРАНСФЕРИ: Малус, Хеидарирад, Ѓукиќ…

Меѓу најдобрите трансфери во 2025 година во македонскиот шампионат ќе ги издвоиме трите кај водечката тројка екипи – Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.

Словенецот Јака Малус, кој дојде во Вардар со искуство од бундеслигашот Гепинген, белорускиот Мешков Брест, словенечкиот Слован Љубљана…покажа уште во есенскиот дел од сезоната дека ќе биде големо засилување за „црвено-црните“.

Иранскиот голман со романски пасош, Сеид Хеидарирад, иако не играше многу, на тие натпревари што бранеше за македонскиот првак Еурофарм Пелистер покажа дека е Никола Митревски има одличен конкурент.

Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ по една сезона пауза се врати во Македонија и го облече дресот на Охрид. Имаше значајна улога во одличните настапи на „гладијаторите“ на домашна и меѓународна сцена.