НАЈ НАЈ НАЈ…МОМЕНТ: Македонскиот ракомет доби нов предводник

По 12 години, македонскиот ракомет доби нов предводник.

На 1 март за нов претседател на Ракометната федерација на Македонија беше избран Александар Стефанов.

На Изборното Собрание што се одржа во Скопје, Стефанов едногласно со поддршка на сите делегати стана прв човек на македонскиот ракомет.

Тој беше единствен кандидат, откако претходно се откажа Драган Начевски.

„26 години во ракометот, дел како играч, дел како сопственик на Бутел, член на УО на Ракометна федерација, ракометот ми претставувал, ми претставува и ќе ми претставува во иднина најголема пасија, мотив и желба тука во нашата држава да направиме напори за унапредување, развој и промоција на македонскиот ракомет генерално“, изјави тогаш Стефанов.

Беше избран и нов УО на РФМ, а за нов генерален секретар беше избран Влатко Тасевски.