Машката младинска репрезентација на Македонија имаше одлично издание на Европското младинско првенство 2024 во словенечкиот град Целје и го освои 9 место, па заслужено го понесува епитетот нај колектив во годината што измина.
Македонија на кадетскиот континентален собир беше едно од најпријатните изненадувања, а избраниците на Раде Стојановиќ покажаа дека и тоа како можат и против најголемите репрезентации.
Иако Франција во главната фаза ја совлада Македонија со 25:18, нашата репрезентација и се реваншираше во последниот натпревар и триумфираше со 30:29 што беше доволно за 9 место.
Хероj на натпреварот беше голманот Иван Галевски, кој им одбрани пенал на „триколорите“ по истекот на времето.
За Македонија, ова беше прва победа над некоја машка селекција на Франција (кадети, младинци, сениори) во историја на македонскиот ракомет.