Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 6 коло во Лигата на шампионите кај дамите.
ЕХФ го делегираше Марјан Начевски кој ќе патува во Подгорица, каде ќе биде делегат на дуел од најелитната женска конкуренција.
Начевски ќе биде делегат на натпреварот меѓу црногорскиот првак Будуќност и романската Глорија Бистрица.
Овој црногорско-романски двобој е закажан за 2 ноември од 14:00 часот во салата „Морача“, а судии ќе бидат Хрватите Микелиќ и Парадина.
























