Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.
Покрај судиските двојки, Македонија ќе има свои претставници и меѓу делегатите на европските терени.
Марјан Начевски, ќе биде делегат на двете средби во Босна и Херцеговина. На 19 октомври ќе биде во Грачаница, која игра со словенечкиот Целје од 19:00 часот.
Следниот ден, на 20 октомври од 20:15 часот, македонскиот делегат ќе биде дел од мечот меѓу Борац и словенечкиот Јерусалем Ормож.
Ацо Николовски, пак, ќе биде делегат на уште еден натпревар во соседството, каде на 26 октомври во Панчево, српскиот Динамо ќе го пречека турскиот Бешикташ.