Викендов во Македонија стартуваше новата сезона во пионерската машка лига, во која моментално најубедлива победа оствари Голден Арт.
Пионерите на Голден Арт денес во натпревар од првото коло го декласираа составот ја Јуниор КВ со 57:1.
Тимот на Јуниор КВ во првото полувреме не успеа да реализира ниту еднаш, па така Голден Арт по 30 минути игра имаше 27:0.
Јуниор КВ единствениот гол на натпреварот го постигна во 33 минута преку Матеј Атанасовски.
За потсетување, пред една недела, некогашниот шампион на Македонија, Борец, во натпревар од 4. коло од прволигашката конкуренција беше поразен од Младост Богданци со 56:6 (29:0).