На терен (нај)лути ривали – надвор од него (нај)големи пријатели!

Иако помеѓу тимовите на Кил и Фленсбург владее една од најголемите ракометни ривалства во Европа, двата клуба одлучија да направат нешто невообичаено – ќе патуваат заедно со чартер-лет на натпреварите од осминафиналето во Купот на Германија.

Кил, актуелниот бранител на трофејот, во среда (5 ноември) ќе игра на гости кај Балинген, кој минатата сезона сензационално стигна до полуфинале во Купот. Истовремено, Фленсбург ќе има гостување кај Штутгарт.

Поради тоа што двата тима играат на југот на земјата, клубовите од северот решија заедно да отпатуваат со чартер-лет на денот на натпреварите, а истата вечер ќе се вратат назад со авионот.

Слична соработка меѓу големите ривали веќе се случи во септември 2020 година, пред Супер Купот на Германија. Причината е практична – повеќето репрезентативци се вратија доцна во понеделник по настапите за своите национални селекции.

Покрај тоа, со заедничкиот лет тимовите заштедуваат пари, бидејќи ги делат трошоците за чартерот и немаат потреба од ноќевање во хотел.