Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот.
Според бергеровиот систем, најголемото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во 2 и во 6 коло.
Но покрај овие два меча меѓу првакот и вицепрвакот, се очекува неизвесност и возбудувања на дуелите на двете екипи со Охрид и со „сино-белите“ од Автокоманда, па во секое коло ќе има најмалку по едно дерби.
Плеј-офот стартува на 28 февруари, а новиот шампион ќе биде крунисан на 31 мај.
1 Тиквеш
2 Бутел Скопје
3 Алкалоид
4 Вардар
5 Охрид
6 Еурофарм Пелистер
Супер лига, плеј-оф, 1 коло:
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Бутел Скопје – Охрид
Алкалоид – Вардар

























