На СП дава голови, во секојдневието лови криминималци!

Шест натпревари, шест победи и 33 гола за капитенот на домаќинот на СП, Антје Дол. 37-годишното лево крило со 33 погодоци е најдобриот стрелец во женската репрезентација на Германија по пет одиграни дуели.

На теренот, таа погодува во противничките мрежи, а во секојдневието – таа лови криминалци. Дол по професија е полициска инспекторка и работи во полициската станица во Лудвисбург во Кривичниот оддел.

„Мој фокус се кривични дела против имот. Во последно време многу работевме на пријави за изнуда, особено поврзани со спам-пораки. Јас сум дел од програмата за врвни спортисти во полицијата, па не работам со полно работно време, туку онолку колку што ми дозволува да тренирам – најчесто околу десет часа неделно. Тоа е голема поддршка, сите колеги навиваат за мене“, вели Дол во изјавата за германскиот „Билд“.

Германија е првата репрезентација што обезбеди место во четвртфиналето на СП на коло до крајот на главната рунда.

„Горда сум што мене, а и на целиот тим, ни оди толку добро. Нема запирање, одиме до крај и сакаме победа и против Шпанија – салата во Дортмунд ќе биде распродадена“, заврши Дол.

На Германија тој меч не и важен, затоа што останува на првото место без разлика на исходот, но победа на Шпанија може да и донесе на „фуријата“ борба за четвртфинале.