На повидок проблеми за Хрватска: Лука Циндриќ неизвесен за СП?

Средниот бек Лука Циндриќ го пропушти пријателскиот натпревар против Македонија, а селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, откри дека тој е неизвесен за настап и на Мундијалот.

Екс вардарецот последен пат играше на 4 декември во победата на Веспрем кај Фредериција во Лигата на шампионите.

Нема конкретна информација за каква повреда се работи и колкава би била евентуалната пауза.

„Циндриќ има проблеми на тренинзите, не тренираше многу минатата недела, се надевам дека наскоро ќе се врати“, кратко изјави Сигурдсон.

Хрватите ги чека уште една проверка пред СП 2025, на 10 јануари во 20:15 часот. Во групата на Мундијалот, избраниците на Сигурдсон ќе играат против Египет, Бахреин и Аргентина.