Европскиот и светски првак Норвешка со две победи го започна новиот настап во ЕХФ Евро Купот, 44-29 против Швајцарија и 38-31 против Унгарија
По домашната средба со Швајцарките, на норвешките репрезентативки им беше забрането да се приближуваат до трибините, да се фотографираат со навивачите или да делат автограми.
Тоа е поради опасноста да се заразат со коронавирус или други болести пред стартот на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
„Не сакаме да правиме хистерија, но мора да ги применуваме овие мерки. Разбирам дека на луѓето ќе им биде тешко да сфатат. Знам дека многумина имаат свое мислење во врска со ова, но извинете, јас сум селектор на Норвешка. Никој мене да ме жали, ако на пример половина екипа се зарази со грип и не може да игра на СП“, вели Торир Хергеирсон за норвешките медиуми.
На Мундијалот на кој ќе играат на домашен терен, Норвежанките за ривали ќе ги имаат селекциите на Австрија, Јужна Кореја и Гренланд.