Македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија ново големо признание на европската сцена, откако се делегирани да ја делат правдата на натпреварот меѓу Колштад и Келце во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Натпреварот е закажан за 12 март во Норвешка, и има различно значење за двата тима. За Колштад дуелот нема резултатска важност, но за полскиот гигант Келце носи сериозен влог, бидејќи од исходот ќе зависи од која позиција ќе влезе во осминафиналето од Лигата на шампионите.
За Митревски и Тодоровски ова е уште еден важен меѓународен ангажман и доказ дека македонското судење и натаму има свое високо место во европскиот ракомет.
























