На еден му се стемни, на друг му се раздени – „oхриѓанец“ ќе игра за Хрватска

Откако стана јасно дека левиот бек Леон Љевар поради повреда не може да биде дел од националниот тим на Хрватска на ЕП, селекторот Дагур Сигурдсон веднаш реагираше.

Тој дополнително го повика левиот бек на Охрид, Анте Иванковиќ, кој ги мина подготовките од првата фаза и нема да му биде потребно време за адаптација.

Иванковиќ сега одново е дел од репрезентацијата и ќе се обиде да се избори за место меѓу ракометарите што ќе играат на натпреварите против Грузија, Холандија и Шведска.

По дуелот со Македонија, кој Хрватска го доби со 26-23, момците на Сигурдсон ќе играат против Германија на два пати – во Загреб и во Хановер.