На две кола пред крајот – Струга, Аеродром, Еурофарм Пелистер 2…во борба за плеј-оф

Со натпреварите меѓу Аеродром и Еурофарм Пелистер 2, односно Куманово и Скопје беше комплетирано 12. коло во Супер лигата. На две кола пред крајот од регуларниот дел познати се шест патници во плеј-оф фазата.

Во групата А, екипите на Струга, Аеродром и Еурофарм Пелистер 2 се во трка за 4. позиција на табелата. За сите екипи има многу математики, калкулации, но во најповолна позиција се наоѓа Струга, која доколку триумфира на еден од двата последни меча, тогаш тимот на Наум Танески ќе разигрува за титулата.

Струга се наоѓа на 4. позиција на табелата, на свое конто има 18 бода, потоа следува Аеродром со 13 и Еурофарм Пелистер 2 со 12. Екипите на Куманово и Скопје, кои имаат 4, односно 2 бода, ќе се борат за опстанок во суперлигашкото друштво.

Аеродром за да дојде до посакуваното 4-то место треба да победи во дуелите со Охрид и Струга, но да се надева на пораз на Струга кај Еурофарм Пелистер 2. Токму дуелот меѓу Аеродром и Струга во последното коло може да биде одлучувачки, па така сите варијатни се отворени.

Еурофарм Пелистер 2 исто така треба да оствари два триумфа, но дали вториот тим на македонскиот шампион ќе се пласира во плеј-офот, најмногу ќе зависи какви резултати ќе остварат Аеродром и Струга.

Од групата А, екипите на Алкалоид, Тиквеш и Охрид имаат обезбедено пласман во плеј-оф фазата. Вицепрвакот има 12 од 12 и најверојатно ќе пренесе максимален број бодови во плеј-офот. Неизвесно е околу второто место за кое се борат Охрид и амбициозниот тим на Тиквеш.

Група А – кој против кого до крајот:

Струга: Еурофарм Пелистер 2 (гости), Аеродром (дома)
Аеродром: Охрид (дома), Струга (гости)
Еурофарм Пелистер 2: Струга (дома), Куманово (гости)
Тиквеш: Скопје (гости), Алкалоид (дома)
Охрид: Аеродром (гости), Скопје (дома)
Алкалоид: Куманово (дома), Тиквеш (гости)
Скопје: Тиквеш (дома), Охрид (гости)
Куманово: Алкалоид (гости), Охрид (гости)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Во групата Б веќе познато е дека Вардар, Еурофарм Пелистер и Бутел се сигурни патници во плеј-офот. Пролет милиметри го делат од пласманот во најдобрите осум екипи. Теоретски во игра за 4. позиција е младиот тим на Голден Ат, кој во претходното коло одигра реми со Пролет.

Голден Арт за ривали во последните две кола ги има Прилеп и Вардар и ќе треба да се надева на чудо за да дојде до 20 бода на свое конто. Пролет во 13. коло ќе игра против Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

Екипите на Прилеп, Вардар Неготино и Мулти Есенс ќе играат во плеј-аутот, но до крајот од регуларниот дел ќе се обидат да соберат бод повеќе за што подобар пласман на табелата.

Група Б – кој против кого до крајот:

Голден Арт: Прилеп (дома), Вардар (гости)
Пролет: Еурофарм Пелистер (гости), Бутел (дома)
Прилеп: Голден Арт (гости), Еурофарм Пелистер (дома)
Вардар: Мулти Есенс (гости), Голден Арт (дома)
Еурофарм Пелистер: Пролет (дома), Прилеп (гости)
Бутел Скопје: Вардар Неготино (дома), Пролет (гости)
Вардар Неготино: Бутел (гости), Мулти Есенс (дома)
Мулти Есенс: Вардар (дома), Вардар Неготино (гости)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126