Романската ракометна федерација потврди дека Овидиу Михаила е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација.
Михаила моментално е тренер на Крајова, а летово ја предводеше и младинската репрезентација на Европското првенство, каде Романија го освои 9. место.
Назначувањето доаѓа по заминувањето на Флорентин Пера, а пред новиот селектор е поставена јасна цел – пласман во ТОП 10 на Светското првенство 2025.
„Да се биде селектор на Романија е голема чест, но и огромна одговорност. Цврсто верувам во потенцијалот на нашите ракометарки и сигурен сум дека заедно ќе ја направиме нацијата горда. Времето до СП е кратко, но тимот е здрав, балансиран и подготвен,“ изјави Михаила.
Романија ќе биде во групата А на Мундијалот во Германија и Холандија и ќе игра против Данска, Хрватска и Јапонија.