На денешен ден пред 30 години во романскиот град Орадеа, машката репрезентација на Македонија го одиграа првиот историски натпревар.
На „Трофеј Карпати“, Македонија предводена од Ванчо Јовановски и Славе Атанасовски играше против домаќинот и беше поразена со 24-22.
Легендарниот Стевче Алушовски беше најдобар стрелец со пет погодоци, четири имаше Николовски, а по два Маринковиќ и Петрески.
Покрај Македонија и Романија, на овој турнир настапија и Украина, Русија, Полска и Литванија, а нашата репрезентација забележа еден триумф против Полјаците.
Состав на репрезентацијата на првиот официјален меч:
голмани – Стефче Стефановски, Зоран Петковски, Димитар Богдановски
бекови – Драган Маринковиќ, Горан Шопов, Томче Петрески, Звонко Шундовски, Среќко Георгиевски, Емил Стојановски, Боро Чурлевски, Миле Нешковски
пивотмени – Орде Илиоски, Игор Котевски
крила – Игор Тасевски, Тони Николовски, Стефче Алушовски
Резултати од турнирот „Трофеј Карпати“
15.12.1993, Орадеа, Македонија – Романија 22-24 (9-13)
16.12.1993, Орадеа, Македонија – Украина 23-31 (11-13)
17.12.1993, Орадеа, Македонија – Русија 17-28 (8-17)
18.12.1993, Орадеа, Македонија – Полска 27-23 (11-10)
19.12.1993, Орадеа, Македонија – Литванија 21-23 (10-15)
Прв официјален натпревар на Македонија беше во претквалификациите за ЕП 1996 година, на гости кај Холандија во градот Емен на 1 февруари 1995 година (23-22), додека прв на домашен терен беше на 3 февруари против истата репрезентација во Битола (33-27).