На 42 години се уште е гладен за предизвици: Линдберг потпиша нов договор со ХОЈ!

Еден од најтрофејните и најискусни ракометари на денешницата, Ханс Линдберг, ќе продолжи да игра и следната сезона!

Данската екипа ХОЈ потврди дека 42-годишното десно крило ќе остане дел од тимот кој оваа есен дебитира во најсилната данска лига.

„Навистина уживам да бидам дел од оваа средина – како на теренот, така и надвор од него. Ми е чест што можам да помогнам во остварувањето на нашите цели. Ме мотивира предизвикот што следува и природно ми беше да продолжам уште една сезона во ХОЈ“, изјави Линдберг.

Ова значи дека по бројните настапи за националниот тим на Данска, како и за клубови како Фленсбург и Фуксе Берлин, Линдберг ќе продолжи да го пишува своето спортско поглавје со тимот што оваа сезона направи историски исчекор.