Шпанското лево крило Валеро Ривера објави дека ја игра последната сезона во својата богата кариера.
Ривера потекнува од Барселона, каде играше до 2005 година, потоа беше дел од низ шпански клубови. Настапуваше за Арагон, Алгесирас, Гвадалахара и Октавио Виго, пред да се пресели во Франција.
За Нант играше од 2010 до 2016, а потоа на две сезони се врати во каталонскиот гигант, додека од 2018 година повторно е дел од Нант и ќе комплетира вкупно 14 сезони во овој клуб.
Со националниот тим на Шпанија освои злато на СП 2013, злато на ЕП 2018, сребро на ЕП 2016 и бронза на ЕП 2014 година.