Најавите дека во иднина на чело на Агенцијата за Млади и Спорт ќе биде поставен поранешен репрезентативец на Македонија во ракомет од денеска се потврдени, па нов директор на АМС е Наумче Мојсовски.
Учесникот во сите успеси на македонскиот репрезентативен ракомет, како и во многу успеси на Пелистер, Вардар и Металург, во иднина ќе биде на позицијата прв човек во оваа агенција така што конечно поранешен спортист е поставен на вистинско место.
Мојсовски доаѓа на местото на Дарко Каевски и ќе има сериозен предизвик во следниот период.
Се работи за репрезентативец на Македонија кој од 2009 до 2016 година учествуваше во сите успеси на сениорската селекција на големите натпреварувања пред да стави крај на својата играчка кариера.