МВП НА 9. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – БОГДАН МИЈУШКОВИЌ (ТИКВЕШ)

Левиот бек на Тиквеш, Богдан Мијушковиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9. коло од Супер машката лига.

Црногорскиот интернационалец даде пет гола и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на неговиот тим против Прилеп.

Тој освои 32% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Пролет, Давор Палевски, кој освои 20% од гласовите.

Номинирани за МВП на 9. коло од Супер машката лига беа Милош Валах, Алем Хаџиќ, Николас Лиапис, Рудолф Хекбарт и Мартин Серафимов.