МВП НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ЗДРАВКО ПОСТОЛОВ (РАДОВИШ)

Левиот бек на Радовиш, Здравко Постолов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 9 коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Постолов беше меѓу најдобрите поединци во триумфот на неговиот тим против Прилеп, што значеше опстанок во елитата.

Радовишанецот беше убедлив во однос на конкурентите и успеа да освои околу 60% од гласовите на анкетата.

Номинирани за МВП на деветтото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Давор Палевски, Мице Шилегов, Младен Крсманчиќ, Валентин Карасманакис, Усама Хосни и Васил Гогов.