Левиот бек на Струга, Филип Мечкароски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од Супер машката лига.
Мечкароски имаше 12 реализации на мечот со Струга и беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим.
Тој освои 65% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Јовановски, освои 15% од гласовите.
Номинирани за МВП на 7. коло од Супер машката лига беа Домен Тајник, Петар Атанасијевиќ, Урош Митровиќ, Ненад Костески и Николаос Лиапис.