МВП НА 6. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Десното крило на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од Супер машката лига.

Шабановиќ имаше одлична партија на мечот со Струга и беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф на неговиот тим.

Црногорецот освои 49% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Бутел Скопје, Димитар Ѓеоргиевски, кој имаше 30% од гласовите.

Номинирани за МВП на 6. коло од Супер машката лига беа Емилијан Ѓорговски, Гиорги Гришикашвили, Урош Митровиќ, Дејан Манасков и Бојан Солев.