МВП НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДАВИД ДИМЕВСКИ (КУМАНОВО)

Членот на Куманово, Давид Димевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на шестото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Младинскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Радовиш, а освен што погодуваше, зад своето име запиша и неколку асистенции.

Димевски, кој имаше голем конкурент во Димитар Узунчев од Бутел Скопје, освои 37% од гласовите на анкетата, додека Узунчев имаше 30% од гласовите.

Номинирани за МВП на шестото коло од плеј-оф/аут фазата беа уште Дејан Манасков, Александар Стојков, Александар Стојаноски, Мартин Ивановски и Милан Лазаревски.