МВП НА 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ФИЛИП НИКОЛОВ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Десниот бек на Бутел Скопје, Филип Николов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 4. коло од Супер машката лига.

Николов имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим.

Велешанецот освои 29% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Прилеп, Денис Шабановиќ кој имаше 20% од гласовите.

Номинирани за МВП на 4. коло од Супер машката лига беа Марко Стојковиќ, Гоце Ојлески, Мирче Калајџиески, Никола Митревски и Дмитро Горига.